Битолска судиска тројка за осминафиналниот натпревар против Шкупи во Купот на Македонија

Битолска судиска тројка на чело со Благојче Ралевски ќе ја дели правдата на натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Кит Го, кој утре со почеток од 14:30 часот се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје.

На Ралевски ќе му помагаат Злате Лозановски и Николче Дрнковски, а четврти судија ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Мујдин Исмаили од Тетово, а контролор - Благој Шуклев од Стојаково.