Елиминација на Кит Го од Шкупи во осминафиналето од Купот на Македонија

Фудбалерите на Кит Го ги завршија настапите во Купот на Македонија сезонава по поразот од Шкупи со 5-0 во осминафиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.

На натпреварот на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, Шкупи победата ја најави уште во првите пет минути со головите на Бианор Нето во 3. минута и на Билали од пенал во 5. минута. Во 25. минута, по нафрлувањето од левата страна, и Глишиќ од непосредна близина непречен од никого се запиша во листата на стрелците за 3-0, а во 37. минута и Адеми погоди за 4-0.



Во второто полувреме нов погодок за домашните, овој пат погоди Гоудијаби во 51. минута за 5-0, со резултати и со кој заврши натпреварот во Скопје.



КУП НА МАКЕДОНИЈА - ОСМИНАФИНАЛЕ
Шкупи - КИТ ГО 5-0 (4-0)

Стадион „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје. Натпревар без публика. Стрелци: Нето 3', Билали 5'(п), Глишиќ 25', Адеми 37', Гоудијаби 51' (Ш).