Христов: Не чека тежок дуел во Гевгелија на кој максимално сериозно му пристапуваме

Фудбалерите на Кит Го ги очекува секогаш повеќе од интересното гостување против гевгелиски Кожуф во утрешното 9. коло од Втората лига - Исток.

Јасно е дека домаќините силно ќе атакуваат на трите бода, но во таборот на Емил Грнев веруваат дека може да одиграат квалитетен дуел кој би донел позитивен резултат.

„Максимално сериозно пристапуваме на утрешниот натпревар. Посакуваме освојување на целиот 'плен' против исклучително квалитетен противник како што е екипата на Кожуф. Не е никаква тајна дека добро се познаваме со противникот, имаат искусни квалитетни фудбалери кои секако ќе атакуваат на трите бода. Но, ние ниту ги преценуваме ниту ги потценуваме, размислуваме само околу тоа како ние ќе одиграме“ - вели дефанзивецот Оливер Христов.