Пораз на гостувањето против Кожуф во Гевгелија

Кит Го загуби со 2-1 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија во 9. коло од Втората лига - Исток.

Фудбалерите на нашиот тим одлично го почнаа натпреварот брзо доаѓајќи до водство уште во 2. минута со погодокот на Дарко Алексовски.

Но, со поквалитетна игра противникот уште во првиот дел, искористувајќи ги притоа умешно грешките во одбраната на Кит Го, дојде до пресврт со головите на Кочев во 20. минута и Зумровски во 36. минута за водство од 2-1.

Во второто полувреме рамноправна игра, главно на средината од теренот, обиди на Кит Го да дојде и до израмнување со поагресивна игра, но резултатот остана непроменет.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (9. коло)
Кожуф - КИТ ГО 2-1 (2-1)

Градски стадион во Гевгелија. Натпревар без публика. Стрелци: Кочев 20', Зумровски 36' (Кож) - Алексовски 2' (КГ).