Тефику од Куманово на центарот на натпреварот против Победа

Ндерим Тефику од Куманово ќе биде главен судија на натпреварот од 10. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и прилепска Победа кој во сабота (31. октомври) со почеток од 13:30 часот се игра на стадионот во Пехчево.

На Тефику ќе му помагаат сограѓаните Александар Ѓурковски и Никола Петковски, а четврти судија ќе биде Христијан Божиновски од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Владо Крстевски од Скопје, а контролор - Џенан Хајдари, исто така од Скопје.