Поради општиот протокол за Ковид-19, одложен натпреварот од 10. коло против Победа

Поради измените во Протоколот за спроведување на мерките за заштита од Ковид-19, Фудбалската федерација на Македонија денеска одлучи да ги одложи сите натпревари во најквалитетните домашни лиги кои викендов беа на програмата според натпреварувачкиот календар.

Одложен е и натпреварот меѓу Кит Го и Победа од 10. коло во Втората лига - Исток кој утре требаше да се игра во Пехчево.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) - 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ - Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“ - се вели во соопштението на ФФМ.