Минимален пораз по автогол на гостувањето против Осогово во Кочани

Фудбалерите на Кит Го не успеаја да продолжат со одличната резултатска низа, откако загубија со 1-0 во 11. коло од Втората лига - Исток на гостувањето против Осогово во Кочани.

Триумфот за Осогово беше благодарение на автоголот на Кристијан Антонов, по една несреќна реакција пред голот на Кит Го, во 61. минута.

Претходно во максимално израмнето прво полувреме, Кит Го имаше шанси на Алексовски, Јусуф и Андонов, а Велинов и Паунов имаа можности за Осогово Во второто полувреме повторно низ отворена игра на двете страни, домашните дојдоа до триумфот со автоголот во 61. минута.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (11. коло)
Осогово - КИТ ГО 0-1 (0-0)

Градски стадион во Кочани. Натпревар без публика. Стрелец: Антонов 61'(аг) (О).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (11. коло)
Осогово - КИТ ГО 1-0
Кожуф - Тиквеш 1-1
Плачковица - Брегалница 1-3
Каменица Саса - Слога Виница 2-0
Росоман - Победа 1-2