Победи за пионерите и помладите пионери во 3. коло од лигата

Пионерските категории на Кит Го извојуваа победи во 3. коло од лигашките натпреварувања во новата сезона.

Помладите пионери убедливо со 4-1 славеа против Росоман, со головите на Јован Крамарски, Михаил Рунтевски и Стојанчо Величков, кој постигна два гола.



Пионерите, пак, победија со 1-0 против Росоман со голот на Величков. Ова е втора победа за пионерите кои имаат и едно реми во првите три кола од првенството.

Во следното коло пионерските тимови на Кит Го ќе се соочат со Партизан фудбал кидс на домашен терен.