Делители на правдата од Скопје за натпреварот против Росоман

Марјан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 12. коло во Втората лига - Исток против Росоман кој се игра во сабота (21. ноември) од 13 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Младеновски ќе му помагаат сограѓаните Саше Тошевски и Мервин Топојани, а четврти судија ќе биде Христијан Божиновски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Мијалче Маџунаров од Штип, а контролор - Бурхамедин Салихи од Куманово.