Мичковски: Росоман не смееме да го потцениме, но секако сакаме враќање на победите

Офанзивецот Тони Мичковски е оптимистички расположен пред денешниот натпревар на Кит Го против Росоман во 12. коло од Втората лига - Исток, кој се игра во Пехчево.

„По поразот од Осогово во минатото коло не очекува дуел против Росоман на домашен терен. Противник кој ниту најмалку не смееме да го потцениме. Но, очекуваме добра игра и максимален ангажман на секој поединец во тимот. Сакаме да се вратиме на победите, па желбата е секако трите бода да останат во Пехчево. Секој бод е значаен низ шампионатот и затоа од коло до коло со максимален ангажман и тимска игра очекуваме позитивни резултати“ - вели Мичковски.

Марјан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Саше Тошевски и Мервин Топојани. Четврти судија ќе биде Христијан Божиновски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Мијалче Маџунаров од Штип, а контролор - Бурхамедин Салихи од Куманово.