Враќање на победите: Убедлив триумф против Росоман

Доминантна игра и повеќе од заслужена победа на Кит Го против Росоман од 3-0 во 12. коло од Втората лига - Исток.

На стадионот во Пехчево, составот на Емил Грнев доминираше и тактички и технички низ текот на сите 90 минути против Росоман, најавувајќи ја победата со голот на Владимир Дујовски уште во 12. минута од средбата.

Континуираните напади на нашите фудбалери вродија со плод и во 36. минута кога Тони Мичковски се запиша во листата на стрелците, а конечните 3-0 ги постави Бошко Ступиќ во 69. минута.

По оваа победа, Кит Го се проби во водечката четворка на табелата сега со три бода минус во однос на третопласираниот Кожуф.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (12. коло)
КИТ ГО - Росоман 3-0 (3-0)

Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелци: Дујовски 12', Мичковски 36', Ступиќ 69' (КГ).