Ступиќ: Младите играат се подобро, тоа покажува дека Кит Го ги постигнува своите цели

Во повеќе од квалитетно издание Кит Го стигна до убедлива победа од 3-0 против Росоман во 12. коло од Втората лига - Исток. Стрелец на еден од погодоците и офанзивец Бошко Ступиќ, кој со своето искуство е лидерот во тимот, водач на помладите фудбалери.

„Многу значајна победа за нас. Можевме натпреварот да го завршиме и со поубедлива победа, но сепак најважни се бодовите. Младите фудбалери во тимот играат се подобро, и тоа е нешто кое е основно за овој тим кој треба да биде расадник на таленти“ - вели Ступиќ.



Сега, нашиот тим го очекуваат два нови тешки натпревари, од кои првиот веќе во среда против Тиквеш во Кавадарци.

„Да. Не очекуваат две тешки средби од кои најпрво против Тиквеш во Кавадарци. Подигната е и самодовербата меѓу младите момци во составот па ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат“ - истакнува Бошко Ступиќ.