Младеновски од Скопје ќе го суди дерби натпреварот против Тиквеш

Марјан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 13. коло во Втората лига - Исток меѓу Тиквеш и Кит Го кој се игра утре (25. ноември) со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Неготино.

На Младеновски ќе му помагаат сограѓаните Филип Ицковски и Милош Милошевиќ. Четврти судија ќе биде Дарко Стојчевски, исто така од Скопје, а делегат - Егзон Османи од Тетово. Контролор на натпреварот ќе биде Тони Стојановски од Скопје.