Извонредно издание на Кит Го: Триумф од 1-4 на дербито против Тиквеш

Одлично одигран натпревар на фудбалерите на Кит Го на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци и огромна победа во дерби-пресметката од 1-4.

Уште од самиот почеток на дуелот очигледна беше желбата кај избраниците на Емил Грнев, со мудра, тактичка, игра да се дојде до посакуваниот резултат. Веќе во 17. минута кавадарчани беа изненадени со погодокот на Владимир Дујовски за водство од 0-1.

Во продолжението сосема очекувано Тиквеш во поактивни обиди за израмнување, и тоа им успева на домашните во 34. минута со помош на Ступиќ, кој ја затресе сопствената мрежа.

Но, во второто полувреме повторно сигурна игра на Кит Го. Мудро се користи секоја грешка на противникот, во континуитет одржувајќи притисок, за да во 58. минута Дарко Алексовски погоди за ново водство од 1-2.

Но, нашите фудбалери тука не застануваат. Феноменалното издание е крунисано и со гол на Бошко Ступиќ во 82. минута за 1-3, а извонредниот натпревар во Неготино на најдобар можен начин го заокружи и Алпај Јусуф со голот во 88. минута за конечни 1-4.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (13. коло)
ТИКВЕШ - КИТ ГО 1-4 (1-1)

Стрелци: Ступиќ 34'(аг) (Т) - Дујовски 17', Алексовски 58', Ступиќ 82', Јусуф 88' (КГ)