Грнев: Не смее да не залажува мечот со Тиквеш, мора максимално сериозно и на следните натпревари

Кит Го на најдобар можен начин го заврши гостувањето против Тиквеш со убедлива победа од 1-4 во 13. коло од Втората лига - Исток.

Но, според шефот на стручниот штаб, Емил Грнев, сето тоа мора веднаш да се заборави и фудбалерите да се насочат кон новите предизвици во лигата затоа што Кит Го мора на секој натпревар да тежнее кон подобра и подобра игра.

„Не треба да се залажуваме со резултатот од натпреварот против Тиквеш. Тоа е една прекрасна приказна која е завршена за нас и која единствено треба да ни даде мотив а не опуштање за следните натпревари. Веќе утре не очекува повторно тежок натпревар против Саса во Пехчево. Не смее да има опуштање и да очекуваме дека бодовите сами ќе си дојдат. Напротив, максимално го почитуваме противникот, веруваме дека може да одиграме повторно добар натпревар и да дојдеме до посакуваната победа“ - вели Грнев.

Натпреварот меѓу Кит Го и Каменица Саса се игра утре со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Пехчево.