Натпревар без голови против Каменица Саса

Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови на натпреварот против Каменица Саса во Пехчево, во 14. коло од Втората лига - Исток.

Во главно израмнет натпревар, избраниците на Емил Грнев ја контролираа играта, имаа поголем посед на топка со отворени амбиции за трите бода, но на крајот мрежите мируваа на двете страни.

Кит Го, на тој начин, ја задржа четвртата позиција на табелата, останувајќи со бод предност во однос на Каменица Саса.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (14. коло)
КИТ ГО - Каменица Саса 0-0

Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика.


ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (14. коло)
Брегалница – Тиквеш 1-1
Кит Го – Каменица Саса 0-0
Победа – Кожуф 1-2
Росоман – Плачковица 0-1
Слога Виница – Осогово 3-0