Пет гола на Величков, убедлива победа на помалите пионери од 0-7 против Кадино

Пионерските категории на Кит Го со победа и пораз го завршија викенд-колото во првенството на Македонија.

Помалите пионери убедливо со 0-7 славеа против Кадино во натпревар во кој пет погодоци постигна Стојанче Величков, а по еден гол запишаа Давид Спенџарски и Стефан Зографски.

Пионерите, пак, загубија од Кадино со 3-0. Во следното, 5. коло, од првенството младите категории на Кит Го ќе играат со Плачковица на домашен терен во Пехчево.