Пораз на гостувањето против Брегалница во Штип

Фудбалерите на Кит Го загубија со 2-0 на гостувањето против Брегалница во 15. коло од Втората лига - Исток.

На натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип домашните дојдоа до водство уште во 3. минута со голот на Дарко Додев кој 12 метри со волеј-удар прецизно стрелаше во долениот лев агол од голот на Кит Го.

Веќе во 5. минута Бошко Ступиќ имаше одлично можност за израмнување, но не успеа да реализира, па во продолжението казната стигна повторно преку Додев кој во 39. минута погоди за 2-0.

Во второто полувреме без многу можности и на двете страни, Брегалница рутински го одведе натпреварот до победа од 2-0.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (15. коло)
БРЕГАЛНИЦА - КИТ ГО 2-0 (2-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Додев 3', 39' (Б).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (15. коло)
Брегалница - Кит Го 2-0
Тиквеш - Слога Виница 4-2
Осогово - Победа 2-0
Кожуф - Росоман 3-2
Плачковица - Каменица Саса 1-1