Скопска судиска четворка за натпреварот против Плачковица

Скопска судиска четворка предводена од Кристијан Ѓуровски ќе ја дели правдата на последниот натпревар од есенскиот дел во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Плачковица кој утре (12. декември) од 13 часот се игра на Градскиот стадион во Штип.

На Ѓуровски ќе му помагаат Мервин Топојани и Милан Петров, а четврти судија ќе биде Бењамин Ќерими. Делегат на натпреварот ќе биде Горан Михајловски од Скопје, а контролор - Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија.