„Петарда“ против Плачковица за успешен крај на првиот дел од сезоната

Убедлива победа од 5-1 на Кит Го од против Плачковица во последното коло од есенскиот дел во Втората лига - Исток. Тотална доминација на фудбалерите на нашиот тим на Градскиот стадион во Штип за успешен крај на првиот дел од сезоната.

Уште од самиот старт на натпреварот домашните наметнаа силно темпо, па веќе во 13. минута следеше погодокот на Бошко Ступиќ за водство од 1-0, кој убаво ја искористи одбиената топка по претходниот шут на Марио Рунтев.

Во продолжението гостите успеаја да дојдат до израмнување со голот на Ристов во 21. минута, но во 30. минута повторно водство за Кит Го со голот од пенал на Дарко Алексовски.

Во второто полувреме продолжи одличната игра на составот на Емил Грнев, па Тони Мичковски во 55. минута зголеми и на 3-1. А, веќе во 64. минута и Зоран Андонов се запиша во листата на стрелците за 4-1. На крајот и Оливер Христов постигна гол за заокружување на 5-1 против Плачковица, на крајот од есенскиот дел од шампионатот.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. коло)
КИТ ГО - Плачковица 5-1 (2-1)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Ступиќ 13', Алексовски 30'(п), Мичковски 55', Андонов 64', Христов 86' (КГ) - Ристов 21' (П)

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. КОЛО)
Кит Го - Плачковица 5-1
Победа - Тиквеш 0-0 
Слога Виница - Брегалница 1-3
Росоман - Осогово 1-7
Каменица Саса - Кожуф 3-1