Фудбалерите на Кит Го, и покрај ниските температури, максимално активно ги продолжуваат подготовките за продолжението од шампионатот во Втората лига - Исток.
Избраниците на Емил Грнев, по еден слободен ден, од вчера повторно се со двојни тренинзи во очекување и на првиот пријателски натпревар со Брегалница во сабота (23. јануари) во Штип.
Ново име во таборот на Кит Го е повратникот, 22-годишниот Бојан Рајков кој во својата кариера настапуваше и за Брегалница.