Во последната минута пропуштена победа против Брегалница на првиот тест зимава

Фудбалерите на Кит Го одиграа без победник (1-1) со Брегалница на стартот од серијата пријателски натпревари закажани за време на зимските подготовки.

На првиот тест дуел оваа година, избраниците на Емил Грнев одиграа рамноправен натпревар со лидерот во Втората лига - Исток, на теренот на Бело Брдо во Штип.

По израмнетото прво полувреме, во кое Алексовски и Ступиќ имаа две убави можности да го отворат резултатот, додека Додев и Бакрачески за Брегалница, погодокот за водство дојде во 50. минута преку Бошко Ступиќ.

Брегалница успеа да го израмни резултатот со голот на капитенот Ристе Наумов во 90. минута од средбата, за конечни 1-1.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
БРЕГАЛНИЦА - КИТ ГО 1-1 (0-0)

Игралиште на Бело Брдо. Главен судија: Крумислав Георгиев. Помошници: Зоран Саздовски и Ристе Георгиев. Стрелци: Наумов 90'(Б) - Ступиќ 50' (КГ).
БРЕГАЛНИЦА: Денковски, Ѓоргиевски, Митрев, Манев, Николовски, Бакрачески, Османовски, Наумоски, Додев, М. Стојанов, Кудијан. Уште играа: Петровски, Д. Стојанов, Мирчевски, Дујовски, Муарем, Кудев, Наумов
КИТ ГО: Давков, Антонов, Христов, Стојменов, Димовски, Рајков, Алексовски, Ангелов, Андонов, Мичковски, Ступиќ. Уште играа: Богдановски, Алексов, Трпчевски, Михајлов, Дојчинов