Ступиќ: Како поискусен се обидувам да дадам максимална поддршка на помладите во тимот

Фудбалерите на Кит Го денеска од 14 часот со дуелот против Кадино на гостински терен продолжуваат со пријателските натпревари за време на зимските подготовки.

Најискусниот во составот на Емил Грнев, офанзивецот Бошко Ступиќ игра извонредно низ подготвителниот период постигнувајќи погодок на сите три претходни тест-дуели. Вистински пример за помладите фудбалери во редовите на Кит Го.

„Како поискусен играч се обидувам да бидам целосно на располагање за секој соиграч, со било каков совет и максимална поддршка за младите фудбалери. Може да кажам дека навистина сме еден компактен колектив. Со Рајков и Кордоба добивме одлични засилувања и со уште неколку млади фудбалери верувам дека ќе играме значајна улога во Втората лига - Исток до крајот на сезоната“ - вели Ступиќ, осврнувајќи се и на досегашниот тек на подготовките.

„Се оди согласно планот на подготовките. По првиот дел подготовки во Штип и неколку тест дуели, се преселивме во нашата база во Пехчево каде имавме навистина одлични услови за работа. Екипата напредува од натпревар на натпревар, искрено веруваме дека целосно подготвени ќе го дочекаме почетокот на првенството оваа година“.