Одличен контролен натпревар за фудбалерите на Кит Го на гостувањето против Кадино во Скопје. Избраниците на Емил Грнев триумфираа убедливо со 0-3 (0-1).
Комплетната доминација на теренот во Кадино, нашите фудбалери ја крунисаа со погодокот на Зоран Андонов уште во првото полувреме за предност од 0-1.
Во вториот дел, најпрво Бошко Ступиќ го постигна и својот четврти гол зимава на подготвителните дуели, одлично реагирајќи со глава по центаршутот на Тиквешанац. Конечните 0-3 ги постави Стефан Мишев на асистенција на Тони Мичковски.
Стратегот Емил Грнев натпреварот со Кадино го почна со следниот состав: Давков, Антонов, Христов, Димовски, Кордоба, Мичковски, Рајков, Алексовски, Трпчевски, Андонов, Ступиќ.