Утре генералката против Тетекс пред стартот на пролетниот дел од сезоната

Фудбалерите на Кит Го утре од 12 часот на стадионот на Бело Брдо во Штип против Тетекс ќе ја играат генералката пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

За избраниците на Емил Грнев ќе биде тоа финален тест пред гостувањето против Слога Виница на 27. февруари.

Еден од најдобрите фудбалери на тимот Мартин Димовски потенцира дека Кит Го милан квалитетни подготовки, максимално подготвено очекувајќи го продолжението од шампионатот.

„Подготвени сме за пролетниот дел. Минавме добри подготовки со квалитетни пријателски натпревари преку кои се воигра тимот заедно со новите засилувања. Нашата екипа е спој на искуство и младост, и навистина ме радува што функционираме како едно семејство. Утре не очекува генералката против Тетекс. Се надеваме како и на претходните пријателски натптревари дека ќе одиграме добро, а се во функција на што подобра подготовка за првиот пролетен натпревар“ - вели Димовски.