Ѓуровски ќе го суди натпреварот против Плачковица во Радовиш

Кристијан Ѓуровски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Плачковица и Кит Го кој во недела од 15 часот се игра во Радовиш во 20. коло од Втората лига - Исток.

На Ѓуровски ќе му помагаат Влатко Ѓошевски и Милан Петров, а четврти судија ќе биде Христијан Божиновски. Делегат на натпреварот ќе биде Хајро Бабачиќ од Скопје, а контролор - Илчо Јорданоски од Прилеп.