Бојан Рајков: Во Радовиш да се вратиме на победите

Фудбалерите на Кит Го денеска од 15 часот во Радовиш ги очекува дуелот со Плачковица во 20. коло од Втората лига - Исток.

Избраниците на Емил Грнев се повеќе од мотивирани за продолжување на успешната серија резултати, сега желни за враќање на победите по она претходно реми (2-2) со Победа на домашен терен.

„Не очекува тешко гостувањето во Радовиш. Како и секоја друга екипа навистина го респектираме противникот. Може да кажам дека има одлична атмосфера во екипата, максимално сме мотивирани за дуелот во Радовиш. Со добра и тимска игра, како и досега, желбата е да се вратиме на победите“ - вели Бојан Рајков.