Одложениот натпревар со Плачковица ќе се игра во сабота (27. март)

Поради обилни врнежи на снег, службените лица на натпреварот во Радовиш констатираа, а Комисијата за натпревари при ФФМ го одложи за денеска предвидениот дуел меѓу Плачковица и Кит Го од 20. коло во Втората лига - Исток.

Согласно последниот договор и со Комисијата за натпревари при ФФМ натпреварот ќе биде одигран на 27. март (сабота) со почеток од 15 часот, во Радовиш.