Триумфално гостување во Радовиш против Плачковица

Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со одличните изданија и во пролетниот дел од сезоната, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Плачковица во Радовиш во 20. коло од Втората лига - Исток.

Уште од самиот почеток на натпреварот беше јасно дека избраниците на Емил Грнев силно ги посакуваат трите бода. Од стартот доминираа на дуелот, но во првото полувреме мрежите мируваа.

Иницијативата на теренот вроди со плод во 74. минута кога Колумбиецот со македонски пасош, Александар Борха донесе предност од 0-1. Во 83. минута конечните 0-2 ги постави Зоран Андонов.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (20. коло)
Плачковица - КИТ ГО 0-2 (0-0)

Стадион во Радовиш. Натпревар без публика. Стрелци: Борха 74“, Андонов 83' (КГ).