Грнев: Го почитуваме секој противник, и против Росоман секако атакуваме на трите бода

Фудбалерите на Кит Го, во сабота во 21. коло од Втората лига - Исток, на домашен терен го пречекуваат составот на Росоман.

Повеќе од оптимистичко расположение во тимот на Емил Грнев и по последната победа над Плачковица од 0-2 на гостувањето во Радовиш, со што нашиот тим веќе се издвои на третата позиција на табелата. Сето тоа носи мотив за атак на три бода и на саботниот натпревар против Росоман.

„Дојдовме до заслужена победа во Радовиш со првите голови на Борха и Стефан Мишев во нашиот дрес. По лош терен за игра беше тешко да се пробие дефанзивата на домаќинот, но фудбалерите комплетно одговорија на сите зададени задачи и на крај стигна до посакуваните три бода. Може само да искажам задоволство од играта на фудбалерите. Имавме уште неколку 100% можности кои останаа неискористени“ - вели шефот на стручниот штаб Емил Грнев, кој очекува позитивно издание и во сабота.

„Јасно е дека трите бода се желба и на натпреварот против Росоман. Апсолутно не потценуваме ниту еден противник, но комплетно се фокусираме на нашата игра преку која посакуваме да дојдеме до победата“.