Божиновски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот со Росоман

Христијан Божиновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Кит Го и Росоман во 21. коло од Втората лига - Исток кој се игра во сабота (3. април) од 15 часот во Пехчево.

Александар Недевски и Бесар Абдули, исто така од Скопје, ќе бидат помошници, а четврти судија - Виктор Јанчевски. Контролот на натпреварот ќе биде Аце Миноски од Скопје, а делегат Тихо Чурлинов од Гевгелија.