Мичковски и Кордоба донесоа победа против Росоман

Продолжува победничкиот од на фудбалерите на Кит Го кои и во 21. коло од Втората лига - Исток славеа на домашен терен против Росоман со 2-1.

Избраниците на Емил Грнев победата си ја обезбедија уште во првите 15 минути од натпреварот. Најпрво Тони Мичковски во 10. минута донесе предност од 1-0, а Колумбиецот со македонски пасош, Александер Борха Кордоба во 14. минута стрелаше за 2-0.

Имаа шанси домашните фудбалери за зголемена предност уште во првиот дел, но останаа неискористени уште три убави можности.



Во второто полувреме, гостите од Росоман единствено успеаја да го ублажат поразот со голот на Свртиновски во 52. минута.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (21. коло)
КИТ ГО - Росоман 2-1 (2-0)

Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелци: Мичковски 10', Борха Кордоба 14' (КГ) - Свртиновски 52' (Р).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (21. КОЛО)
Каменица Саса - Слога Виница 1-0
Брегалница - Победа 3-1
Тиквеш - Плачковица 4-1
Кит Го - Росоман 2-1
Кожуф - Осогово 0-1