Дејаноски од Кичево - главен судија на дуелот со Осогово во Кочани

Марјан Дејаноски од Кичево ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Осогово и Кит Го во 22. коло од Втората лига - Исток кој се игра утре од 13 часот на Градскиот стадион во Кочани.

На Дејаноски ќе му помагаат Вјолца Изеири од Гостивар и Осман Зеќири од Кичево. Четврти судија ќе биде Нинослав Нанков од Гостивар, а делегат на натпреварот Ибрахим Илази од Тетово. Контролор на дуелот ќе биде Горанчо Фидановски од Скопје.