Триумф во дерби-пресметката против Кожуф

Продолжуваат одличните игри на фудбалерите на Кит Го и во пролетниот дел од сезоната, триумфирајќи со 1-0 против Кожуф и во дерби-пресметката од 23. коло во Втората лига - Исток.

Сосема заслужена победа на избраниците на Емил Грнев кои демонстрираа силна борба, многу желба и квалитет во битката за трите бода против секогаш незгодните гевгеличани.

Триумфот го обезбеди Марио Рунтев со голот во 26. минута од средбата, а по асистенцијата на Борха. И голманот Давков во првото полувреме беше одличен, запишувајќи две убави интервенции со кои спречи израмнување на гостите.

Во второто полувреме продолжи активната игра на нашите фудбалери кои имаа шанса преку Кире Трпчевски и за поубедлива победа, но остана нереализирана.

Кит Го ја зачува третата позиција на табелата, веднаш зад Брегалница и Тиквеш, сега со значителна бодовна предност во однос на конкурентите.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (23. коло)
КИТ ГО - Кожуф 1-0 (1-0)

Стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелец: Марио Рунтев 26' (КГ)

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (23. коло)
Каменица Саса - Победа 2-1
Кит Го - Кожуф 1-0
Брегалница - Росоман 5-1
Тиквеш - Осогово 3-0
Слога Виница - Плачковица 1-1