Ралевски од Битола ќе го суди натпреварот со Каменица Саса

Благојче Ралевски од Битола ќе биде главен судија на натпреварот од 24. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Каменица Саса кој се игра во сабота (24. април) од 13 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Ралевски ќе му помагаат сограѓаните Петар Степановски и Владимир Митревски. Четврти судија ќе биде Дарко Котевски од Битола, а делегат Ристо Танев од Гевгелија. Контролор на натпревар ќе биде Џенан Хајдари од Скопје.