Реми во израмнет натпревар со Каменица Саса (1-1)

Реми на фудбалерите на Кит Го со Каменица Саса на домашен терен во 24. коло од Втората лига - Исток.

Составот на Емил Грнев одигра без победник (1-1) во главно израмнет натпревар, во кој нашиот тим имаше и шанси за победа кои останаа неискористени.

Гостите први поведоа со голот на Дуков уште во 5. минута, но веќе во 18. минута, Бошко Ступиќ израмни на 1-1 по акцијата на Мичковски и Рунтев.

Во првиот дел и Давков имаше две убави интервенции на голот, не дозволувајќи гостите да дојдат до нова предност.

Во второто полувреме Христов имаше убава можност за Кит Го, но Иванов одбрани спречувајќи победа на нашиот тим.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (24. коло)
КИТ ГО - Каменица Саса 1-1 (1-1)
Градски стадион во Кочани. Натпревар без публика. Стрелци: Ступиќ 18' (КГ) - Дуков 5' (КС).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (24. коло)
Кит Го - Каменица Саса 1-1
Кожуф - Тиквеш 0-2
Осогово - Брегалница 0-2
Росоман - Слога Виница 1-2
Плачковица - Победа 1-1