Младеновски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот со Тиквеш во Кавадарци

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Тиквеш и Кит Го од 25. коло во Втората лига - Исток кој утре (1. мај) со почеток од 13 часот се игра на Градскиот стадион во Кавадарци.

На Величков ќе му помагаат сограѓаните Дејан Димитријевиќ и Бојан Ивановски, а четврти судија ќе биде Александар Василевски од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Јовче Попоски од Охрид, а контролор - Пеце Карапалевски од Ресен.