Скопска судиска тројка за последниот натпревар од сезоната против Слога во Виница

Бењамин Ќерими од Скопје ќе биде главен судија на утрешниот натпревар на Кит Го од последното коло во сезоната 2020/21 во Втората лига - Исток, против Слога Виница кој се игра од 16 часот на Градскиот стадион во Виница.

На Ќерими ќе му помагаат сограѓаните Владимир Арсовски и Виктор Здравев, а четврти судија ќе биде Кристијан Ѓуровски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Адмир Зеќировиќ од Скопје, а контролор - Сафет Адеми.