Минимален пораз во Виница за крај на сезоната

Фудбалерите на Кит Го со минимален пораз од 1-0 на гостувањето против Слога во Виница во 27. коло ја завршија сезоната во Втората лига - Исток.

Во главно израмнет натпревар во кој Кит Го настапи со комбиниран состав, Слога до победата дојде со голот на Богдан Велиновски во 59. минута.

Во продолжението избраниците на Емил Грнев имаа и можност за израмнување, но мрежата на домашниот гол сепак мируваше, за конечни 1-0.

Кит Го зад себе остава одлична сезона која ја заврши на третата позиција веднаш зад Брегалница и Тиквеш, како најава дека и следната сезона повторно ќе се бори за место меѓу водечките екипи во второлигашката конкуренција на Истокот.