Подготовките во засилен ритам во Пехчево, паралелно и засилување на тимот

Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со подготовките за новата сезона во Втората лига - Исток веќе од 14. јули реализирајќи ја и втората фаза во Пехчево.

По првичните тренинзи во Штип, шефот на стручниот штаб Емил Грнев со екипата е во својата база во Пехчево каде е планирано одигрување и неколку пријателски натпревари.

Паралелно со подготовките тече и засилувањето на тимот за новата сезона. Нови фудбалери се младинскиот репрезентативец Давид Бошески кој доаѓа од екипата на Њу Старс, како и Љупче Јанкулов од Кожуф. И двајцата треба да ја засилат дефанзивната линија на тимот.

Во составот од претходно е приклучен и младинскиот репрезентативец Јонуз Рушту кој пристигна од редовите на Работнички. 

Првиот пријателски натпревар на Кит Го ќе биде против Слога Виница на 24. јули, а потоа ќе следат и тест дуелите со Осогово, Трајал Крушевац и Детонит. Генералката пред стартот на сезоната е закажана за 14. август против струмичка Беласица.