Емил Грнев: Тест-дуелите треба да ни покажат до каде сме со подготовката

Фудбалерите на Кит Го Пехчево продолжуваат активно со подготовките за новата натпреварувачка сезона во Втората лига - Исток.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е задоволен од досегашниот тек на подготовките, нагласувајќи дека, сепак, има уште многу до создавањето на посакуваниот изглед на тимот.

„Продолжуваме со максималниот тренинг ритам, со два тренинзи на ден. Може да кажам дека секој од фудбалерите го дава максимумот. Очигледна е желбата за докажување кај секој поединец, што само носи позитивни вибрации во тимот“ - вели Грнев.

Кит Го во сабота (24. јули) против Слога Виница го игра првиот тест-дуел за време на подготвителниот период.

„Во сабота почнуваме со пријателските натпревари кои треба да ни покажат до каде сме со подготовката. Секако ќе ни треба време и многу трпение затоа што во тимот има многу млади играчи кои за првпат се во сениорскиот фудбал. Но верувам дека сите подготвено ќе го дочекаат стартот на новата сезона“ - дополнува Грнев.