Со триумф против Слога Виница почеток на серијата подготвителни натпревари

Фудбалерите на Кит Го со победа ја почнаа серијата пријателски натпревари низ подготвителниот период пред стартот на новата сезона во Втората лига - Исток.

Кит Го на првиот тест-дуел летово кој го играше во Пехчево славеше со 2-0 против Слога Виница. Победникот беше најавен уште во 1. минута со погодокот на Кире Трпчевски, а во 26. минута стрелаше и најдобриот стрелец на Кит Го, Бошко Ступиќ за конечни 2-0.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев денешниот натпревар го почна во следниот состав: Давков, Јанкулов, Христов, Андонов, Милевски, Рушту, Цуцковски, Рунтев, Мичковски, Ступиќ и Трпчевски. Во второто полувреме шанса добија и Алексов, Ангелов, Богдановски, Бајрамов, Коцев, Николов...