Ступиќ: Одличен тек на подготовките, најважно во моментов е да се избегнат повредите

Кит Го го одигра првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки триумфирајќи со 2-0 против екипата на Слога од Виница.

Стрелец на еден од погодоците за Кит Го беше и најдобриот напаѓач на тимот, Бошко Ступиќ кој вели дека може сите поединци во клубот да бидат задоволни од досегашниот тек на подготовките. Според Ступиќ најважно во моментов е да се избегнат несаканите повреди, и добро да се вклопат новите фудбалери во тимот.

„Може да кажам дека подготовките течат во најдобар ред. Имаме одлични услови за работа во Пехчево, а стартувавме и со пријателските натпревари. Според мене, најважно во овој момент од подготовките да се избегнат повредите а резултатите од тестовите секако се во втор план. Имаме и нови фудбалери кои одлично се вклопија во тимот, па верувам дека ќе минеме квалитетни подготовки и успешно ќе се подготвиме и за новата сезона“ - вели Ступиќ.