Реми без голови на тестот со Осогово

Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови на вториот пријателски натпревар за време на летните подготовки за новата сезона во Втората лига - Исток. Кит Го денеска на дуелот во Пехчево одигра 0-0 со екипата на Осогово.

По победата од 2-0 на првиот тест летово против Слога Виница, денеска избраниците на Емил Грнев и покрај доминацијата во текот на мечот не успеаја да го најдат патот до мрежата на противникот, за на крајот реално реми меѓу двете екипи.

Кит Го натпреварот го почнува во следниот состав: Давков, Христов, Николов, Јанкулов, Андонов, Рушту, Цуцковски, Рунтев Трпчевски, Мичковски и Ступиќ. Шанса добија и Богдановски, Алексов, К. Трпечевски, Коцев, Мирчевски, Стојковски.