Кит Го одигра натпревар без победник и со Трајал од Крушевац

Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови и на третиот пријателски натпревар за време на летните подготовки пред новата сезона во Втората лига - Исток.

По оние 0-0 со Осогово, избраниците на Емил Грнев денеска во Пехчево одиграа натпревар без голови и против српскиот Трајал од Крушевац кој се наоѓа на подготовки во Пехчево.

На дуелот кој мина во израмнета игра и двата тима имаа свои можности на натпреварот, но на крај мрежите мируваа. Во првото полуврема убави шанси за нашиот тим имаа Ступиќ и Трпчевски кои останаа нереализирани.



Кит Го натпреварот го почна со следниот состав: Давков, Јанкулов, Мирчевски, Милевски, Христов, Цуцковски, Алексов, Рушту, Андонов, К. Трпчевски, Ступиќ. Во второто полувреме играа и Богдановски, Кр. Трпчевски, Ангелов, Николов, Бајрамов, Коцев.