Пораз од Беса на последниот тест пред стартот на новата сезона

На последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона, фудбалерите на Кит Го загубија од второлигашот од западната конкуренција, Беса со 0-2.

На тестот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип, гостите беа поконкретни во реализацијата на создадените шанси па сосема заслужено стигнаа до триумфот со двата гола на Шериф Реџепи.

Кит Го беше подобар противник во првото полувреме, но останаа неискористени шансите на Мичковски, Ступиќ и Андонов.

Во првото коло од новата сезона во Втората лига - Исток, Кит Го во среда (25. август) од 16 часот гостува на Победа во Прилеп.