Грнев: Победа е фаворит, но подготвени сме за максимално надигрување во Прилеп

Фудбалерите на Кит Го утре против Победа во Прилеп ја стартуваат новата сезона во Втората лига - Исток.

Шефот на стручниот штаб, Емил Грнев вели дека сите во тимот се подготвени за позитивно издание иако е јасно дека не очекува тежок натпревар против состав кој е со амбиции за највисок пласман оваа сезона.

„Минавме успешни подготовки, па сега на нас е да се претставиме во најдобро издание во Прилеп. Јасно е дека не чека тежок натпревар против екипа која има амбиции за највисок пласман оваа сезона и пласман во Првата лига. Го почитуваме противникот, но секако подготвени сме и за максимално надигрување и успешен старт на сезоната“ - вели Грнев.

Натпреварот меѓу Победа и Кит Го утре (25. август) се игра со почеток од 16 часот на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.