Кога не се користат шансите - пораз со пресврт во Прилеп

Фудбалерите на Кит Го загубија со 2-1 (0-1) на гостувањето против прилепска Победа на стартот од новата сезона во Втората лига - Исток.

Во главно израмнет натпревар во кој Кит Го беше далеку подобар во првото полувреме дојде до предност од 0-1 со голот на Зоран Андонов во 33. минута од средбата.

Во продолжението следеа и шанса на Јонуз Рушту за 0-2, и уште две убави можности на Тони Мичковски за зголемување на предноста.

Но, кога не се користат шансите следеше казната на спротивната страна. Победа во само три минути постигна два гола за пресврт од 2-1. Најпрво Даниел Карчески во 70. минута израмни на 1-1, а потоа во 73. минута по прекршокот над Спиркоски, Дарко Анѓелески прецизно стрелаше од пенал за конечна победа од 2-1 на прилепчани.

Во 93. минута крајно непотребен жесток старт на Анѓелески на средината од теренот врз Виктор Мирчевски со можност и за тешка повреда, по што Анѓелески сосема заслужено доби црвен картон, само како заокружување на грубата игра на домашните во текот на целиот натпревар.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (1.КОЛО)
Победа - КИТ ГО 2-1 (0-1)

Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Стрелци: Карчески 70', Анѓелески 73'(п) (П) - Андонов 33' (КГ)

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (1. КОЛО)
Победа - Кит Го 2-1
Детонит јуниор - Беласица 0-2
Локомотива Градско - Кожуф 0-2
Осогово - Каменица Саса 1-4
Слога Виница - Братство Житоше 1-0