Кит Го против Шкендија во 1/16-финалето од Купот на Македонија

Кит Го ќе биде домаќин на Шкендија во 1/16-финалето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во „Куќата на фудбалот“.

Академија Пандев и Силекс, финалисти од ланското издание во најмасовното клупско натпреварување директно обезбедуваат место во осминафиналето поради бројот на пријавени тимови за денешното извлекување.

Натпреварите се играат на 15. септември со почеток од 15 часот. 

КУП НА МАКЕДОНИЈА - 1/16-ФИНАЛЕ (ДВОЈКИ)
ДЕТОНИТ Јуниор - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
ПОБЕДА - ВАРДАР
КИТ ГО - ШКЕНДИЈА
БЕСА Добридол - СКОПЈЕ
ЛОКОМОТИВА - ОХРИД Лихнидос
ГОСТИВАР - РЕНОВА
ЉУБОТЕН - ПЕЛИСТЕР
КОРАБИ - БЕЛАСИЦА
ЊУ СТАРС - БОРЕЦ
СЛОГА Виница - РАБОТНИЧКИ
НОВАЦИ 2005 - ТИКВЕШ 1930
САСА Каменица - СТРУГА Трим Љум
ВОСКА Спорт - БРЕГАЛНИЦА
ВЕЛЕШТА - ШКУПИ 1927