Мичковски: Максимално сме мотивирани, предводени и од новиот тренер, за триумф против Детонит

Фудбалерите на Кит Го утре од 16 часот на Градскиот стадион во Штип ќе ја пречекаат екипата на Детонит јуниор во 2. коло од Втората лига - Исток.

По поразот во израмнета игра на гостувањето против прилепска Победа, во таборот на Кит Го посакуваат да се дојде до првите бодови сезонава против тимот од Радовиш.

„По натпреварот со Победа од кој можевме да се вратиме и со три бода но на крај загубивме, сега мора сите мисли да ги насочиме кон следниот предизвик. Го оставаме мечот со Победа зад нас, сега максимално мотивирани за освојување на првите три бода сезонава, иако максимално го почитуваме противникот“ - вели Тони Мичковски.

Кит Го на утрешниот дуел ќе биде предводен од старо-новиот тренер Трајче Сенев кој се врати на клупата на пехчевци.

„Добро го познаваме новиот шеф на стручен штаб, кој исто така добро го познава тимот. И сето тоа ни носи дополнителен мотив за еден максимален пристап на мечот во желбата да дојдеме до триумф“ - дополнува Мичковски.